Инаку, расказот на Урошевиќ „Бродот наречен Скопје“ (кој може да се гледа и како дел од цела една - романескна?! - низа раскази наречена „Мојата роднина Емилија“) е една од подобрите прози напишани на македонски, расказ исткаен од суптилни маглини низ кои просјајуваат прекрасни јазични проблесоци, како некакви фосфоресцентни јазичиња на егзотични животни (камелеони?!) во потрага по светулки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)