На овиснатата глава на петелот во рачињата на внукот на Петра никој не обрнува внимание.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во една таква квечерина неочекувано вообичаената тишина ја наруши звукот од ударот на металното раче на капијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги ставаше рачињата на нејзиниот скут и ги поткреваше крупните клепки за да се ослободи небесниот поглед што ѝ носеше само радост.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)