Маврово, со нашата куќа среде ливадата, опкружена со густа шума, со потокот што тече крај куќата, со срните што нѝ доаѓаат во близина, со ѕвезденото небо што ноќе слегува толку ниско што ти се чини дека можеш да набереш грстови сјајни ѕвезди, сето тоа изгледаше како вистински рај наспроти пеколот во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не би размислувала ниту за миг дали да заминам да не беа оние вечерни излегувања во градот толку многу предизвикувачки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)