Години со ред тој дели со овие луѓе добро и зло, години со ред ги гледа како се топат тие пред него...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Горните 30 реда ги прочитав 30 пати и знам дека прочитав најмалку 30 човечки судбини!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Робовите тазе беа донесени од борбите по Србија и неколку дена на ред ги продаваа овде, врзани во синџири и целите испарталени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А сега со ред ги фрлаат граѓаните!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
По таа теорија, содржината на сонот настанува додека мозокот макотрпно ги осмислува сликите што без ред ги испраќаат нервните станици.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пред успешните експерименти со луцидни соништа во лабораториите за спиење доминираше активациско/синтетичката теорија на спиењето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако овој закон во прв ред ги засега работниците кои го завршиле својот работен век и станале пензионери, и, се разбира, сите работници како идни пензионери, со него се регулираат и важни прашања кои ги засегаат работниците токму како работници и тоа е причината зошто ја вклучивме анализата на овој закон во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ја гледав низ прозорецот Билјана како го полни кофичето и како со ред ги полива сите дрвца.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)