И сега, редот го носеше Илка да си дојде. И си дојде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ред го носи. Токо, кој ќе ни даде нам чупа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во историјата на писмото наоѓаме три можни начини за пишување на бустрофедон: а) редовите го менуваат смерот, но не и зборовите; б) зборовите го менуваат смерот, како и редовите; в) и буквите и зборовите и редовите го менуваат смерот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Голем дел од своето слободно време го трошеше на имотот кој неколку години по ред го земаше под наем од Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овој ред го нарекуваме закон на природата.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Три години по ред го правев тоа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Уште во првиот ред го прочита името на Карл.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред две години непознати братучеди на ред го мердале жилавецот за здодевање на туѓа жена или туѓа сестра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А Ване го препознаваше по гласот уште пред да му влезе во видот, зашто стариот беше познат шегобиец со одврзан јазик што правеше шеги прво на своја сметка, а потаму на сè погорни адреси, додека не дојдеше во судир со кој и да е режим, кои сите од ред го водеа во своите црни списоци де како комунист де како анархист.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секое дете од ред го одмеруваше, како да велеше: - Глувци едни, глувци ниедни бандити, повелете погледнете во овие неранимајковци (се задржа крај мене и Кејтен), погледнете и запомнете, научете што е тоа ред, дисциплина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)