Јадеш по ред или... Life is short, let’s have a desert first! мВо тебе чучи еден неверојатен конзервативец, тоа е тоа што го насетувам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А, внатре... прашање на вкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ќе упадне ли во некој ред или пак целата материја на крајот ќе бара преструктуирање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го бранам на истиот начин како што ги бранам уметниците што пишуваат графити низ нашите градови.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Публиката мораше да избере дали да им се приклучи на оние што чекаа ред или да остане на своите места гледајќи ги оние што го проучуваа цервиксот на Ани.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Помошникот им додаваше батериска ламба на посетителите коишто приоѓаа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Повеќе би сакал да видам (посебно во Милано и Италија) автобуси исликани со спреј, измачкани ѕидови со уметност или со нешто за што се верува дека е уметност, па дури и тогаш кога е тоа форма на иконокластика (сите знаци на културата на нашите метрополи) отколку валкани улици, автомобили паркирани во два реда или на тротоарите, или издувни гасови во населбите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но сеедно дали некој избрал да му се приклучи на редот или да си остане во седиштето, секој имаше шанса да си го согледува сопствениот избор...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На масичката на Клара стоеше цртеж за кој не би можело да се претпостави дека го направил брат ѝ - една жена, свртена со грбот, застаната крај некаков раб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Според хаосот и редот на масичките, според начинот на кој беа средени или растурени, по таа чудесна геометрија на редот или хаосот, можеше да се прочита геометријата на изминатиот живот, нешто што, оние кои лежеа покрај масичките, и кои го имаа проживеано тој живот со чудесна геометрија, не можеа или не знаеја да го кажат со зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)