Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зар бестијалноста на тоталитарните режими и бескрупулозноста на таканаречените „слободнопазарни“ општества не опстојуваат сосема легитимно на 99% од површината на планетата, па никој не може да ги криминализира?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но тоа тешко можеше да го каже и покаже во времето, режимот и идеологијата кои владееја во земјата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Човечкиот материјал по правило е преслаб за во помасовна форма да може да се избегне соработката со диктаторските режими и активното служење на нивните најнехумани цели.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)