Нивното потекло режисерот го наоѓа во потпирањето врз англиската книжевна баштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Геометриската подлога е едно од сталните начела кое во драматургијата и мизансценот на насловниот квартет режисерот го издвојува од моделот на јакобинската драма на одмазда, како еден горчлив напад врз традиционалните сфаќања за сексуалноста, земањето храна, алчноста и насилството.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можното отсуство на очекуваната реакција во комедиите режисерите го испреваруваат со пуштање на „вештачка смеа“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)