Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Материјалот го имаат и ќе го имаат при рака - големи доводни цефки ф-150, цемент и вентили за каптажата што, се разбира, се изведува на самите извори и на речиштето, потоа за првиот мал резервоар и натаму за неколкуте стопирачки шахти и, најмногу, цемент и градежно железо, за големиот резервоар на височинката над Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стануваме, се собираме и со крупни чекори доаѓаме до колата, застануваме и играме на Big Time Sensuality и имаме сериозна дискусија околу These Animal Men, двапати го пуштаме синглот, многу гласно и во 19.40 бришеме од паркот, нурнувајќи се во блескавата и бескрајна 1001 ноќ.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)