Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Меѓу Албанија и Македонија, фашизмот и сталинизмот, едно семејство како и јагулите го бара патот низ реките до далечните мориња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Патуваат по реката до океанот, до колепката на раѓањето, кај што го завршуваат животот во љубов.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)