Во почетокот ја задеваа Нешка девојчињата — врснички и — кога одеше на вода, на река или на свињар да ја истера маторицата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во исто време партизаните ја прекинаа линијата на шест места, отстранувајќи вкупно 150 метри пруга која или ја фрлиле во реката или ја однеле во планината.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сместена е на полјанка, по правило, покрај река или шума, покрај патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ќе го видеа дома облечен со алиштата од умрените, го соблекуваа уште во дворот, не му даваа да влезе во куќата, му ги фрлаа алиштата в река или ги палеа, а него го ставаа во корито со вода и го капеа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Првото што се пренесе беше тоа дека бикот, носен од својата болка, го пронашол тунелот, лавиринтот низ кој во дамнина опседнатите на Калето полнеле вода од реката или по долги опсади низ тој подземен пат некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Јас и реков дека во реките има риби, а овде ги нема па затоа и не треба да ја викаме река.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- За мајка ми потокот претставуваше река или најмалку рекичка – ми објаснуваше Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тие долги и полумрачни коридори на Министерството за надворешни работи крај кејот на Сена, кој дотогаш ми беше најпознат по епопејата на вечните букинисти, јас откривав светлина во кабинетите кои гледаа или кон реката или кон еден од центрите на Париз и во лицата на дипломатите кои ме примаа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
_ * Мала земјена колиба. Селаните ловци ја ѕидаат од кал крај реки или баришта. Така се заштитени од студот и од погледот на дивите гуски и пајки. * Отвори на ѓумето, пушкарници.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Молеле предците, дури до Цариград абер пратиле, крај води да ги селат, крај река или езеро.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нешто би можело да се вмеша, ненадејна промена на текот на реката или пак некој сокол.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Никој неа не би ја обвинил.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во детската зоолошка каде што гостите можат да ги погалат животните, еден сив зајак му се искачил на еден бел зајак.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)