Таа цврста подлога особено ќе ја ползува големиот мислител Рене Декарт, во како што истакнува авторот, Ото Клем, „Откритието на свеста како основен психолошки факт“ кое не било направено пред Декарт, додавајќи понатаму дека со него започнува „развојот на модерниот поим за свеста“.2 „Модерниот поим за свеста“, всушност подразбира познание за себе како продукт на интроспективно набљудување, односно софистициран процес на рефлексија на сопственото искуство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)