Барокноста на пишуваната реченица и натаму владееше со говорот: - Во болница, се убедив дека душата е своина на слабите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Седна на креветот, и со огромно нетрпение го искина од страна, ги прочита првите две реченици и издиша разочарано: „Госпоѓице Јовановиќ, по повод модната ревија на интернационално познатата белградска стилистка Исидора Перуниќ, која ќе се одржи на 12 Мај оваа година во офицерскиот дом со почеток во 20 часот, потребна ни е помош.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не знаеше што има лошо во оваа реченица и зошто некој би се вознемирил од неа или, впрочем, од која било реченица во некој од нејзините извештаи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)