„Признај го моето, зашто друг излез и решение нема“ - говореа нивните погледи. А тоа и двајцата не го признаваа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да и ја соопштиш в лице таа твоја одлука!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зарем не можеш да сфатиш дека токму поради ова твое решение немаш храброст да ја погледнеш в очи?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)