По некое време, сторил ниет царот да ја мажит ќерка си и распуштил абери по сета држаа негоа по момчињата: кое момче ќе ја погоди што нишан имат на снагата ќерка му, ќе му ја дал за невеста.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ката ден веќе почнал да оди на лов и да ваќа риби момчето, арно ама како тие риби уште еднаш не беше ватил, при сѐ што сеедно одел на тоа место да ваќа; сѐ што ваќал риби биле не за да речи чоек машала, чунки биле грди и не сој, та дека биле таквие, цареа ќерка уште еднаш ни барем в очи му се опулала на момчето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа чу царот оти било едно момче од долна рака (долна фамилија), недраго беше му паднало и не сакал да му ја даит, арно ама цар што ќе речи, збор назад не се враќа. што измислил царот еден маривет: зел четириесет зајаци диви и му 'и дал на момчето да 'и пасит; четириесет дни без да му загинит еден; токму четириесет пак да ѝ донесит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)