11. РИБА ОД НИВА, ШТУРЕЦ ОД МОРЕ - за вакви барања елбете сме криви, но дали сме прави од небото горе кога бараме светците да ни се живи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Најмногу му се допаѓаше тресената риба од која беа извадени сите коски.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Рибата од главата се смрдува!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Необичната риба од оној ден кога се најде во торбата на дедо Гога никогаш веќе не се ни обиде да скокне над водата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
5. РИБАТА ОД ГЛАВАТА СМРДИ - зар опашката би била орхидеја?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)