Неуморните рибари во нив, со најобични јадици, секој момент од морските води вадат риба, ги полнат кајаците...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Рибарот во занес ги спушти прстите врз неа, собрани како за светиот чин на крстењето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во соседството, макар веќе ноќта одмината, се палеа светлата, излегуваа жени и деца, итаа кон Езерото, да им се придружат на рибарите во очекување на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Му се чинеше сега дека му се потсмеваат и рибарите во чунот, и луѓето на брегот, и куќите, и езерото - сите и сѐ знаеја за овој негов срам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Добар ден Кољо! - го прекина Игор Лозински стариот рибар во тивкиот весел пев.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)