Гаврани не грачете, секавици не секајте од рид до рид, славеи за миг замолкнете и молчете додека земјата не налегне врз младоста што ја прими...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Селото се наоѓа на ридот до самата утока на Жепа во Дрина, а единствениот пат за Вишеград минува преку Жепа, педесетина чекори над утоката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кој би им изградил тука мост, кој би им го направил најголемото добро?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)