Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Заминаа сите негови, од далечен и близок род кон Цариград, преобратени во муслиманската вера, верувајќи дека ќе најдат спокој во новата, лаицизирана Турција. Но, Татко се врати на Балканот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)