род (имн.) - и (сврз.)

Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Род и роднина ми е зговорна дружина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така често пати можеме да ги изгубиме детерминирачките квалификативи на еден уметнички род и на извесни деликатни места во едно дело на еден уметнички род да препознаеме друг: постои интерференција меѓу литературата сликарството, музиката и поезијата, литературата и театарот итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Мојот пра-пра-пра дедо, махараџата Раџнапур, по неколку години од крвавото собитие се оженил, велеше, се удомил во некое овче-полско село, им изродил род, а тој род изродил свој род и така до ден денешен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сѐ кажа дрвото, сѐ видовме: на кората од тоа дрво беа наресани, како слики убави, сите букви кои Стефан Писмородецот ги беше прогласил за свое видение, за род и пород свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за род и пород, ниту сакам да имам со друга, ниту сакам друга жена да има од мене.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Радосни штрковите си тргнале и си се упатиле секој род и фамилија за својот вилает, а Силјан со Аџиовци си долетале во село Коњари здрави и живи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа што имаат крстови или други знаци, а на тие крстови или други знаци е напишано името и родот и семето на оној што почива, а на други места брз нив се издигнати цели палати, а во нив лозата на родот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но Мехмед не заборави на својот род и јазик.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако ја мени верата, во него остана длабоко чувство за родот и јазикот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та не слабее сега само Богоја, туку и сѐ живо што му е род и пород.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По неколку поминати чекори затворив очи и празнината обрасната со пиреј и диво зелје ја полнам со куќите на Нановци, Дамовци, Пурдовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пинѕовци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Наковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци и другите до бројката 54 родови и куќи под чии покриви живееле 400 души и уште педесетина на гурбет отидени отаде големите води.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие беа како рамна почва, готова да го дочека својот род и плод, како полиња што зрачеа со својата невиност и чесност, подготвени за раѓање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Стихувај ме тихо, велиш ти од другата страна на заменките глаголите се ту повратни, ту неповратни бирај со кого и на кој начин ги сложуваш времињата и ги менуваш (за една ноќ) именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)