Уметникот мора да се грижи за својата публика, која од своја страна ќе цути под неговата заштита, исто како и Бојс кој чувствувајќи ја топлината на своето имагинарно стадо, вистински станал здрав и независен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс, оттука, благодарение на својата фантазија, стекнал самодоверба, се тешел и конечно сам се излечил.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Што би било ако родителите ги учат уроците место нивните деца? Кажи, што би било?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тогаш родителите ги земаа двете постари момчиња од интернатот дома за да го поминат викендот со семејството.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Нема поголемо понижување од тоа бившиот дечко, после сѐ, да ми бара некои пари кои неговите родители ги уплатиле за да ме запишат на факултет кој не го сакав и на кој стапнав само двапати. Кога се запишував и кога се отпишував.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Родителите ги успокојуваат дека е тоа за кусо време, дека така ветиле, дека мора да биде, зашто немаат со што друго да му возвратат на манастирот, на светецот, кој им помага и ги избавува од зло.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Што би било ако родителите ги учат уроците место нивните деца? Кажи, што би било?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А родителите ги лути и навредува тоа што децата не можат да ги сфатат нивните грижи, не можат да го видат тоа дека тие често со голема умешност врзуваат крај со крај.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Токму тоа – заштита! Очекуваат религијата да ги заштити како што родителите ги штителе кога биле деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Родителите ги допираат рацете на Криста за поздрав, ќеркичката ѝ се фрла околу вратот и ја гушка додека мајката останува скаменета, а потоа заминуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Криста по тие средби уште долго седеше така вкочанета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)