Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Можеби, во полусон, му се јавувала слика од детството: родителите го шетаат по паркот, по патеката што води до влезот на ЗОО градинката, со врежани фигури на исправени леопарди во камената капија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тие трансформации немаат за цел толку одредување на сексуалноста како таква, бидејќи таа произлегува од односите со родителите, љубопитноста на детето кон она што родителите го прават во негово отсуство, неговото интересирање за примарната сцена, родителските одговори и премолчувања околу сопствената сексуалност, и сфаќањата за сексуалноста кои врз основа на сето тоа детето ги развива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Всушност, собраното во оваа книга, и самиот наслов на книгата, се резултат на таа нова творечка возбуда и на неа гледам како на задоцнета рожба која својот подостарен родител го прави среќен и возгордеан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Родителите го носеле по лекари и болници. Ќе му го оперирале рокчето, но по извесно време, пак почнувало да му се јавува, да му расте.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не можејќи да го излечат, родителите го донесле во манастирот. Но и тука продолжил да го прави истото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јас сум тој Игбал, Кашмирецот. Од нашата продавница твоите родители го купија килимот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сега синот молчеше. Ништо не одговори на тоа што неговите родители го повикаа. Дома.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Мајка ми направи многу убави колачиња, - вели Зоки и така го прекинува разговорот што неговите родители го започнале со гостите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)