Кон тоа и такви чорбаџиите се однесуваа со презир, та не сакаа да ги земаат ни за лебот, а и родителите им беа „ем голи ем злови" и велеа: — Доста ние му работиме на чорбаџиите бадиала, па и децата ли? He и даваме!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Скотје сите се сметаа за граѓани, а на 90% родителите им беа дојдени од Седларце, Дупени, Коњари и Свирипичино.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имотната состојба на родителите им овозможувала да поминат малку безгрижен живот, без работа, а ако посетувале некои дуќани и слично, тоа го правеле барајќи друштво за разговор и разонода, а не по друга потреба.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И, навистина, тие “исчезнале“,односно се скриле во една конспиративна куќа во Солун, а на нивните родители им било јавено дека ако сакаат да им бидат вратени децата живи и здрави треба да дадат: таткото на Коста - 400 турски лири, а на Тодор - 200.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Родителите им беа строги, но многу ја сакаа Томето, како најмало дете, а и најубаво. Таа му беше милениче на татка си.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ако се заљубат двајца млади и родителите им пречат-попот треба да ја нагласи работата.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
На нашите родители им рекоа брзо ќе им се вратат децата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И тогаш разбрав дека на нашите родители им беше одземена најголемата радост и највредното што го имаа...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не велам дека Борхес пишувал само затоа да го задоволи татка си.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неодамна наидов на една книга од психологија во која ја подвлеков следната примедба: “Родителите им го крадат на децата сопствениот идентитет кога бараат нивното дете да ги оствари нивните нереализирани животни амбиции”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Уште повеќе, колку и одлуката да била “среќна” - според зборовите на Борхес - таа му била наметната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дури и ако таа амбиција не е “барана” или наметнувана од Борхес како дете, сепак е јасно дека одлуката да стане писател не била негова, туку на татко му.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)