По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, беше регулирано дека доколку работата предизвикува ризик по здравјето на мајката и детето, согласно прописите за безбедност и здравје при работа кои се однесуваат на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат, во тој случај работодавачот е должен да ја извести работничката за овие опасности при склучувањето на договорот за вработување (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.13); б) забраната за работодавачот да го откаже договорот за вработување поради бременост, раѓање, родителство или отсуство поради нега и чување на деца, освен за работничката, со новата формулација се прошири на секој работник, што од аспект на родителството е позитивна промена, бидејќи ниту еден пол нема ексклузивитет во подигањето и воспитувањето на детето и двајцата родители (онаму каде што ги има) еднакво придонесуваат за неговиот правилен раст и развој (чл. 23 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)