ролна (имн.) - хартија (имн.)

Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со помош на некој механизам едно перце висеше во воздухот и како што една ролна хартија, исто така со помош на механизам, поминуваше покрај него, така перцето ги правеше истите движења кои ги учев во третто одделение основно училиште при вежбите за убаво пишување. 182 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)