Дури и најоригиналните современи геј-писатели си ги осмислуваат делата во однос на главнотековното општество и неговата историја или започнуваат дијалог со примените културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-културата може да се однесува и на главнотековни дела што ги создале, главно, уметници хетеросексуалци, плус некои настрани што се во плакар, а кои геј-луѓето селективно си ги присвоиле и ги преупотребиле за антихетеронормативни цели.
Ваквава поделба, се разбира, не е ниту водоотпорна ниту апсолутна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во романите на Нил Бартлет Готов да го фати ако падне (Ready to Catch Him Should He Fall, 1991) и г. Клајв и г. Пејџ (1996) се замислува како би изгледале геј-соодветниците на хетеросексуалните додоворувања, романса, брак, сопружништво, семејство, акумулација и пренос на имот, наследување и репродукција; тие романи одново упатуваат, во смисла на средишните поими и преокупации, на веќе постојните хетеросексуални општествени и културни институции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
20 КУЛТУРА НАСПРОТИ ПОТКУЛТУРА
Геј-културата може да се однесува на нови книжевни дела, филмови, музика, уметност, драми, танци и изведби чии творци се геј-луѓе и кои се осврнуваат на настраното искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, сепак, тоа е сосема оригинално дело од современата геј-книжевност, чија цел е да вообличи еден конкретно геј-начин на живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)