Досегашните обиди од страна на поединци, дали поради нивниот непоправлив романтизам или поради тесниот концепт во кој беа ставени, не успеаа, а тие самите останаа распнати од јавното мнение, со тоа губејќи ги и претходните какви-такви позиции.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)