4. Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште или пак е известена за преземање на определено дејствие – а не се јави пред судот, без оглед на причината, судот нема натамошна обврска да ја повикува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Ако за одделни дејствија со закон не е определена формата во која можат да се преземат, странките ги преземаат парничните дејствија писмено надвор од рочиштето или усно на рочиште (чл. 13, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според ЗОО, со договор за дело вршителот на работата [претприемач, изведувач] се обврзува да изврши определена работа – како што е изработка или поправка на некој предмет или, пак, извршување на некоја физичка или интелектуална работа и сл., а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест (чл. 619, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице (чл. 82, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од ваквата правна формулација се гледа дека субјекти на овој чист облигационен [а не работен т.е. трудово-правен] однос се „вршителот“ и „нарачувачот“, а не „работникот“ и „работодавачот“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Процесноправниот институтот „конфесионална пресуда“ кај нас е регулиран во чл. 317 од ЗПП (2005), под називот пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот беше должен, во рок од два месеца од влегувањето во сила на овој рогациски Закон – што значеше најдоцна до почетокот на ноември 2008, на работникот да му го врати овој документ (чл. 30, ЗИДЗРО/авг.08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)