Винстон успеа да фрли еден поглед врз нејзиното лице, свртено надолу, жолто и изобличено, со затворени очи и сѐ уште со по една флека руменило на секој образ и тоа беше последното што го виде од неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Руменилото на плодовите милно ја потсети на црвенилото на детските обравчиња и образите на девојчињата што се задевојчуваа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
По неколкуте испиени голтки повторно ѝ се врати руменилото на образите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ја видов и планината; и ливадата на која растеше чајот ја видов; ги видов и капките роса што стоеја на цветовите; и девојката со селско руменило на образите – ја видов како ги бере китките чај; се заљубив во неа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Беше проѕирно, нежно девојче кое како пред многу години да се загубило на дождот, како дождот да ѝ го измил синилото на очите и руменилото на усните и како жито жолтата боја на косата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)