Софра се става само кога гостите ќе треба да останат на ручек или вечера. A вака се знае оти домаќинот не спрема јадење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од тие работа му даваше и на попот и така често беше задржуван на ручек или вечера од самиот поп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можеби на нива, во бавча или лозје, на ручек или вечера ќе ги пресече веста болна?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мама беше сигурна дека кога ќе почнеше „зорле“ да прави ручек или ќе и загореше тенџерето или сокакот ќе го изедеше.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И јас секогаш кога ќе го слушнам зборот Кујна, ја гледам мојата нана надвисната над шпоретот во кујната како размислува дали да му свари едно јајце на дедо ми за ручек или да не го прави тоа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А притоа и со такви денови во месецот кога ручекот или вечерата мораш да ја прескокнуваш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Покрај приближнава мерка што ја доби, уште што му е потребно на декоратерот за да ја прими нарачка и да почне да кове?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Анѓа не знаеше на кого помил поглед да му фрли, на кого помил подарок да му спреми, за кого поубав ручек или вечера да приготви.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)