За него веќе ништо не можеше да го наполни овој ден и сета онаа белина напред; таму остануваше само еден прекрасен, но не уловен лов, а еден онаков самјак можеше да остави по себе во снегот и цели коски, можеше да направи и цела една бразда крв по должината на целата трага, а пак да не падне, пак да не биде кутнат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А така, изненаден, самјакот можеше многу лесно да се впушти по истата дира назад и притоа и него да го собере пред себе со оние свои заби и само додека трепнеш да го разнесе по снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)