Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури сега забележав дека таа шиеше свечен фустан, за свадба или сунет, кој беше малку бароктен во боите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Роднините и пријателите на Китан и Танаил не знаеја што да заправат: да одат ли кај Китан на свадба или кај Танаил на мртовец.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Луѓето се кршеа: каде да се определат, каде да одат: на свадба или на погреб.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште од дете, додека беше целокупен, Мице имаше голем мерак да стане свирач и затоа, секогаш кога за свадба или селска слава ќе дојдеа свирачи, се пикаше меѓу нив со по една клечка во секоја рака, застануваше пред виолинистот и ставајќи ја едната клечка фатена со левата рака под пазува наместо под брада и со другата заструтувајќи преку другата прачка, ги имитираше движењата на кеманџијата и заедно со него ја свиреше и ја пееше песната што свирачите ја свиреа и ја пееја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога одевме на свадба или на некоја веселба, татко ми ќе речеше: Без дедо ти Ристо никаде нема да одите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)