Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во стеблото на еукалиптусот Коалите се живо сведоштво дека и без палата Можат да се сочуваат алтан соништа Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор Па што ако е алигатор Да не не може случајно да ми доскокне до сонот Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони Многу ’рчи а ич не сонува Најпосле дојде времето на чистите сонови Само тие севезден лачат најволшебна влага
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Самотијата во која цутат не е знак дека се кревки, туку е сведоштво дека се тврдоглаво автономни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Од друга страна, тој не го сликал, туку го создавал: репрезентацијата на Христ е сведоштво дека Христ постои, а оттаму и централната литургиска улога на иконата во православното христијанство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Дикинсон како да му е близок на византискиот уметник којшто не го видел ликот на Исус, но сепак го сликал според достапните упатства.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа беше јасно сведоштво дека Татко сè повеќе се внесуваше во актуелните состојби, во времето кога дојде до забрана на чување на козите од селаните, за да се создаде во градовите силна работничка класа, која би го обезбедила прогресот и би го стасала Западот, а се оддалечуваше од утописката замисла да го следи патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)