Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Или, ете таа, свекрва ѝ, нека ѝ покаже некои работи во куќата. Да ја упати...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа првата жена што оди напред, таа е свекрва ѝ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И си се чешла така Севда, спокојна, косата преку рамена ја чувствува како пердув лесна, а крај неа седи онаа жената, свекрва ѝ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како таа, како не таа, ама свекрва ѝ ќе е. Сите тие на Севда ѝ се сјатени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како добра жена ѝ се гледа на Севда, зашто жената, свекрва ѝ, ѝ вели: "Така, снао златна, така...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Разбрана некоја жена оваа свекрва ѝ на Севда.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)