Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мојот животински порив, желбата за крв и не поднесување на авторитетите ме донесе до ова.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Но другата промена, враќање во сериозната, трезна свест беше вистински поразителна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во мојата свест беа хипертрофирани извесни вампирски идеолошки определби.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Големата популарност и, според некои критичари, романтичната идеализација на лудилото го отуѓија од мнозина колеги, коишто сметаа дека тој се загубил со популарноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Скептицизмот на Леинџ, човечноста и разбирањето за различните состојби на свеста беа во духот на Sgt. Pepper ерата, па затоа тој и се здоби со голем број следбеници на американските универзитети.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)