свест (имн.) - за (предл.)

И токму таму и тогаш, поради фрагментарноста на зафатот, поради недовршеноста, недореченоста и свеста за отсуството на целината, поради тоа сознание, бездруго, се повлече раката, запре толку саканиот ракопис.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ни треба интелигенција со јасна свест за моралниот долг на човекот пред неговата татковина и неговиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така Бугарите во новиот слободен живот се јавија како народ без традиции, народни идеали, свест за народните и државните интереси и историско наследство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овде луѓето настојуваат да оформат некое претпријатие, мало, самостојно, но да биде нивно и такво во кое ќе можат да дојдат до израз нивните иницијативи, слободата и свеста за самостојност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Она што му паѓаше најтешко во тој момент беше свеста за сопствената интелектуална инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зар и ние Балканците ќе немаме доволно аргументи да ја доживееме пробудената свест за хибридноста на човечката раса, за полифонијата на нашата култура, да живееме со другите, а не само покрај нив, да ги воспитуваме нашите деца и потомци во духот на почитувањето на индивидуалните ставови, карактери, чувства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тој останува само со придушено дишење и со потисната свест за нешто што не смее да се случи, за нешто што треба да се постигне, но што сега, некако, отскокнува во недостижна далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За разлика од бегството кое, барем физички е оддалечување од несаканото, потерата опседнува со постојаната свест за близината на гонителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тешко се стигнува до свеста за правната држава. Тешко се прифаќа минливоста на авторитарната, деспотската власт. Треба време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)