Тој отпрвин си мислеше дека барем за надворешниот свет нема да се измени ништо спрема поранешното.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Добро ама, бидејќи ништо на овој свет нема тајно, така еден ден и Толета го откри потерата баш кога одеше од дедот Паленѕа кај Митра. Не можеше да се стрпи без неа. : Селото беше сето сардисано.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Такво срамно раководење на борба светот нема видено.”
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само со татарските методи на Ленин можеше да се урне Русија, да се сруши нејзиниот тапоглав бирократски апарат, - но! okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ниеден друг крал во светот нема таква облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите седумдесет години сите луѓе на кралот тврдеа дека нашиот крал има нова облека. Прекрасна облека. Најдобра.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но Евангелието, нежното и вдахновено, единственото точно христијанско учење за сочувството, за љубовта, за тоа дека на светот нема среќа - тоа требаше да им се остави на децата по училиштата и на возрасните по факултетите на култура. А тој ги затвори црквите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ниту една публика на светот немаше да го круниса делото на еден поет, музичар или уметник, со поголемо обожавање и беспоговорно одобрување од она што му го укажа стариот Елисон.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А јас стојам до неа, пушам и внимателно си ја разгледувам ракавицата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како роб кој му слугува на големиот лорд, Киова Индијанецот му носеше студена вода од црвениот ќуп што висеше веднаш под колибите од гранки, и храна, кога Сем ќе го повикаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Надењка е ни жива, ни мртва. Побледела, одвај дише... Ѝ помагам да стане. – За ништо на светов нема да се спуштам уште еднаш – вели таа, гледајќи ме со раширени очи, полни со страв и ужас. – За ништо на светов! За малку ќе умрев!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Што ли стана со сите оние долгогодишни убедувања дека ништо на светот нема да не раздели. Каде е сета таа љубов.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мислев никаде на друго место во светот нема кокошки, уште такви мили и толку добродушни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во нашиот свет нема да има други чувства освен страв, бес, триумф и самопонижување. Сѐ друго ќе уништиме - сѐ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Леле, на светов нема толкави небиднини што да раздвојат две души вљубени...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А Анатолиј, иако во последен момент успеав да ја тргнам раката, продолжи да ме убедува дека на светов немало безгрешници.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во апсурдноста на светот нема да бидам тоа што треба да бидам, ќе бидам тоа што сакам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дури и да го најдеме центарот на светот нема да најдеме мир и спокојство ако бегаме од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој верувал "дека на светот нема таква сила која би можела да го уништи заедништвото што постои меѓу Бугарија и Југославија, од една страна, и Советскиот Сојуз од друга".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од своја страна, генерал-мајорот Иванов, член на бугарската делегација, меѓу другото ја нападнал и политиката за "голема Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се обидов да му кажам дека убивањето на птиците е злосторство, нискост, некултура, а тој ми рече дека јас треба да си ја гледам работата и дека од десетте убиени птици светот нема да пропадне!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Од вода и домашно огниште ништо поубаво на светов нема.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ни на сон не ќе можев да поверувам тогаш дека за сосема кусо време толку многу ќе пропатувам и ќе видам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)