Сиот европски свет ги обрна своите погледи на неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Душа на душата Допираше сѐ што постои - икони, камење, билки, сите нешта и светови ги допираше.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот свет ги покрива ретко расеаните капки крв во пустите улици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Крајот на американската изолација претставува само пример на еден општ процес којшто се воочува и во сите други делови на светот и којшто на дело ја покажува меѓузависноста на земјите во светот. 5 Во XIX и во почетокот на XX век, САД имаа променлива скала на претставници и само со оние држави што беа од исклучителен интерес за САД имаа целосни дипломатски односи на амбасадорско ниво.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едновремено, технолошкиот развиток сè повеќе ги приближува световите еден кон друг и сите земји во светот ги стави во меѓузависна положба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во кои земји? Во кои непознати ширини на светот ги растури времето?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Личностите и епизодите од грчко-римскиот свет
ги бирал, неспокоен, по долги бдеења
над процепот меѓу историските факти
и вистината, над парадоксите на судбината
и драмата на оживотворувањето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)