— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Околу полноќ беше на Будимеш, откаде преку ден во Прилеп се гледа и движењето на луѓето, но ноќта ги криеше и белите ѕидишта, та Ѓорче само си претстави во умот дека тука, долу, негде во темницата, спие неговиот Прилеп, та ни една светилка нема да светне. A тој чекаше баш од него — од Прилеп да светне сонцето на слободата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)