Всушност Даскалов кога се сврте кон куќата и тргна кон прозорецот јас не го препознав; неговата сенка обрабена со одблесоците на светлината можеше да биде и сечија, и изгледа токму заради оваа помисла со задоцнување ги забележав знаците што ми ги испраќаше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таква светлина можат да гледаат само тие што имаат облагородена крв и челичен разум. * * * Најчудното нешто кај некоја личност е истовремено да биде современа и либерална, а од друга, страна комунистичка и стереотипна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
ДЕЛ СУМ ОД ТВОЈОТ СВЕТ, МОЈАТА УБАВИНА Е ЗАМРЗНАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ, НА ДУШАТА ТИ СПИЕ МОЈАТА ЉУБОВ, А И МОЈАТА БОЛКА И МОИТЕ СОЛЗИ НЕ ТИ СЕ ТУЃИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)