Таа жолта светлина остана засекогаш во нас, како светлина над книгите, во потрага по излез кога ни беше тешко во животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јалова светлина над јалов живот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)