Понатаму, бидејќи многу од тие практики имаат облик на извесни дејства што се поврзуваат со девојките и со жените, може да се толкува дека искажуваат длабока, основна, вродена, изворна, нестандардна (женска) родова ориентација, а не (геј-) сексуална ориентација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И може да биде сосема соодветен начин да се разберат некои трансродови поединци како и трансродовата култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи машките геј-практики честопати се пројавуваат во детството, долго пред почетокот на сексуалната активност, и бидејќи изгледа во голема мера се неповрзани со каква било сексуална активност, искушение е да се смета дека претставуваат појава што е сосема независна од еротскиот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој општ светоглед нема сигурна привлечност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)