Се најдува под една осамена оскруша, во горниот крај на малечката заветрина што ја сочинуваат телото на западниот лак и неговиот почеток, кој, гледано од север, од североисток или од северозапад е свртен нанадвор и е сосема гол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)