” Се враќаше во минатото, бегаше кон него, или трчаше по него мислејќи дека ќе ѝ побегне, онака како што некогаш бегаше од сегашноста во некоја своја иднина, во она што копнееше да се случи, во она што посакуваше да го направи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Разговаравме така сѐ додека не почувствувавме дека очите ни се склопуваат од умор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)