секавица (имн.) - и (сврз.)

Не дочека на маж да сврти грб во знак на почит и разбирање ниту маж да ѝ се замери за начинот на којшто спие за ноќниот декор секавиците и сигналите за спас немаше кога да ѝ здодее животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ноќе им ги гледаме англиските куршуми: светат ко секавици и по двапати пукаат. Дум, дум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откликнува птицата, меѓу отсјајот на секавицата и есенската грмотевица над Париз.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знае таа љубовта кон тебе дека те прави неранлив. На Големото заминување - мали се сите неба... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)