Со нејзината смрт жените во селото здишнаа олеснето, зашто пред извесно време, пред да се растури фронтот, Цанулица, сета бесна, влета во црквата на празничен ден кога попот Матлија држеше богослужба и му свика:  ”Ти попе, црквата да си ја гледаш, а не да се мешаш во туѓи работи...“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)