Не можеш, не си кадар, од сенката му се плашиш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој не кажува дека се плаши, ама стравот што се гледа на нас се гледа и на неговото лице. Како сенка му се мрешка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Настана непријатно молчење. Рангеле жедно голтна одеднаш цела чаша, жилите на слепоочниците му заиграа, но темни сенки му легнаа пак на лице и само полека чилеа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И сенката му се сопнувала по нерамнини. И токму таа сенка како да го задржувала да се оддалечи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Црвени сенки му играа по лицето. Брадата му се оцртуваше во профил убаво заоблена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Грлото ќе ти се стегне.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)