Имала сестра која работела како болничарка во Диселдорф.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Првото излегување во дискотеката Елемент во која ме однесе постарата сестра која студираше таму, ми вдахна посебна љубов, специјално за ноќниот живот во тој град.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Треба да знаеш дека во Скопје живеат моите две сестри кои многу ги сакам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ми дојде интересна идејата затоа што и така таа имаше потреба за друштво, како замена за сестра која никогаш ја немала.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Попова Радица! - се слушна гласот на главната сестра која во раце веќе ги имаше наодите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сестрата која во тој момент се најде зад Рада, прва притрча зад омлитавеното тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пак се гушеше… Ја викнав сестрата која ти даде некое апче.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Паца по професија била медицинска сестра која своевремено на Граматниковски многу му се нашла за време на предсмртното боледување на татка му.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се сеќавам на оној краток филм со двете сестри кои живеат сами, неомажени, во зафрлено село, а меѓусебе не зборуваат.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега можев да одам во задниот двор со моите сестри кои таму си играа со децата од соседството, но некој нејасен страв ме тераше да останувам покрај прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој глас беше на медицинската сестра која требаше да остане со мене сѐ додека ми беше потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Да го повикам?“ Климнав потврдно со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Штом ќе се разбудев, а јас секогаш се будев порано од моите сестри, одев во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги слушав зборовите на моите сестри кои најавуваа ужаси – а пред моите склопени очи, наместо апокалиптичните настани за кои зборуваа тие, се појавуваше само испружениот заврзан показалец на брат ми, кој мафташе во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во месеците по заминувањето, понекогаш од Лондон ни се јавуваа Марта и Ана, ни кажуваа дека Зигмунд има нови операции на усната шуплина, дека заздравува, но повеќе не може да зборува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имаше зборови на сестрите кои воопшто не ги разбираше, но и нејзини зборови кои тие не ги разбираа!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)