Се обиде да истисне малку сеќавање од детството што би му кажало дали Лондон отсекогаш бил токму ваков.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А тој стоеше уште минутка, две, пуштајќи снегот да му го влажни лицето, спокоен, занесен во некое далечно сеќавање од детството.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Моите денови во Долнец не беа три, туку многу повеќе и ми носеа сеќавања од многу поранешни и од поблиски времиња.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ги држев сѐ уште живи во сеќавањето од разговорот меморизираните пораки на Арафат. Морав веднаш да ги забележам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
се распали, гори Македонија можеби и отшто ги баталивме утринските молитвени песни отшто ги баталивме и вечерните серенади а додолските песни ги избришавме од сеќавањата од сите носачи на звук (останаа само носачите на зло).
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)