Мозокот обработува околу 125 милијарди сигнали во секунда, така што е јасно дека кога ќе дојдеш во состојба инсталациите во телото веќе да не функционираат и се одвојуваат од умот, почнуваш да пливаш во едно неверојатно купиште од можности...“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ова беше јасен сигнал во размислите на татко ми дека Чанга го избрал големото скривалиште на Калето за гробница за себе и за козите, за сите кози на градот, сакајќи докрај, и во смртта, да остане достоен за големата љубов.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можеби имаше достатно сигнали во татковата библиотека да не патувам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Следниот миг затрубија и другите, секоја со посебен звук, некои длабоки како рогови што даваат сигнали во магла или како сирени на пароброди, други танки и пробивни, но сите го најавуваа привремениот прекин на работата на дваесетте илјади раце на работниците во пиланите и во фабриките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ти-ти-ти-свиреше сигналот во слушалката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)